Инфлацијата во САД и коронавирусот во Пекинг ја намалија цената на нафтата на 121 долар

Цените на нафтата денеска паднаа на 121 долар за барел поради новиот бран на Ковид-19 во Пекинг што предизвика загриженост за кинеската побарувачка и стравувања дека Федералните резерви на САД ќе ја ограничат инфлацијата со уште повисоки каматни стапки.
Во Лондон цената на барелот падна попладне за 88 центи во однос на претходното затворање, на 121,13 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 1,17 долари пониско, по 119,50 долари.
Трговците внимателно го следат ширењето на Ковид-19 во Кина и мерките за борба против инфекцијата, плашејќи се дека кинеската политика на нулта толеранција на Ковид-19 ќе ја задуши побарувачката.
Областа Чаојанг во Пекинг, најнаселениот главен град на Кина, најави три нови рунди на масовно тестирање за да се спречи „нескротливата“ зараза што почна да се шири минатата недела. Масовното тестирање треба да трае до среда.
Цените денеска беа поттикнати и од стравувањата дека Федералните резерви на САД повторно ќе ги зголеми клучните каматни стапки, откако најновите податоци, објавени во петокот, покажаа раст на индексот на потрошувачките цени во мај за 8,6 отсто.
Заострената монетарна политика може сериозно да ја задуши економијата, а со тоа и побарувачката за нафта, па инвеститорите внимателно ќе ја следат седницата на ФЕД оваа недела.
Испораките остануваат ограничени бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници не се во можност да го зголемат производството како што ветија поради недоволниот капацитет на многу производители, санкциите против Русија и речиси преполовеното производство во немирите во поделената Либија.
Ново на Сител
-

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, задржан во полициска стани
-

Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија
-

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ
-

Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
