Инфлацијата во Албанија во септември изнесуваше 8,1 отсто
![]()
Истиот месец минатата година стапката на инфлација била 2,5 отсто.
„Најголемо влијание имаа силниот раст на цените на храната за 4,9 отсто, како и транспортот поради континуираното поскапување на горивата. Споредено со септември минатата година, зголемувањето на цените и за двете групи забележуваат двоцифрени бројки, и заземаат речиси половина од семејните буџети“, објави ИНСТАТ.
Во групата на прехранбени производи, растот на цените е висок кај речиси сите производи, особено кај млечните производи, маслото за јадење, па дури и зеленчукот.
Значително повисоки се и станарините, цените на мебелот, покуќнината, облеката, а зголемени се и трошоците за здравство.
Оваа стапка на инфлација од 8,1 отсто е речиси трипати повисока од целта на Централна банка на Албанија од три проценти. Банката на 8 октомври ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,25 проценти, што е четврта интервенција годинава, со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика.
Стапката на инфлација минатиот месец беше осум проценти, јули 7,5, во јуни 7,4 во мај 6,7 отсто, во април достигна стапка од 6,2 отсто, во март беше 5,7, додека во февруари 3,9 отсто.
Ново на Сител
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
