Инфлацијата ја опфати и е-трговијата на мало
– Електронската трговија, која обезбеди најголеми попусти и поевтини стоки, стана постојан извор на инфлација за време на закрепнувањето од пандемијата -цените на интернет се зголемија за 1,9 отсто во октомври во однос на претходната година и 0,9 отсто во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на софтверската компанија Adobe Inc., јави Блумберг.
Ова е 17-ти последователен месец на пораст по повеќе од шест години пад на индексот на дигитални цени на Adobe. Зголемувањето на цените на почетокот на празничната шопинг сезона, време кога трговците на мало обично почнуваат да нудат поволни цени, е уште еден знак за тоа колку е раширена инфлацијата.
Електронската трговија имаше корист од пандемијата бидејќи луѓето затворени дома претпочитаа да нарачуваат се од нивните телефони или компјутери.
Adobe очекува 1 од 4 долари да се потроши онлајн оваа празнична сезона.
„Бидејќи е-трговијата зазема поголем удел во вкупната продажба на мало, трендовите на цените стануваат се поважен показател за нето влијанието врз потрошувачите“, нагласи Вивек Пандја, аналитичар во Adobe.
Сепак, зголемените цени на интернетот остануваат далеку под основната инфлација.
Годишниот раст на индексот на цени на Adobe во октомври е исто така побавен отколку во септември, што е знак дека некои трговци на мало понудија попусти за да ги наведат потрошувачите да купуваат рано за подароци поради тешкотиите во синџирот на снабдување.
Минатиот месец потрошувачите виделе повеќе од 2 милијарди пораки за стоки што ги нема на залиха. Тековните прекини во синџирот на снабдување и силната побарувачка веројатно ќе продолжат да ги зголемуваат цените, според Пандја.
Од 18 категории производи што ги следи Adobe, само книгите имале пониска годишна инфлација во октомври од историскиот просек 2015-2019 година.
Adobe анализира 1 трилион посети на локации за малопродажба и над 100 милиони производи.
Ново на Сител
-

Минчев: Да го негуваме македонскиот јазик како трајна вредност и сведоштво на нашиот историски и културен континуитет
-

Започнува регионалниот проект EQUALS за унапредување на бесплатната правна помош
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка - минус три степени, најтопло во Кавадарци седум степени
-

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во изралекси напад во источен Либан
-

Втор ден од конференцијата посветена на европската иднина на Западен Балкан во организација на Паневропската Унија на Македонија
-

Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, по одлуката на Врховниот суд
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
