Индустриското производство во јуни со раст од 6,4 отсто

Индексот на индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи раст од 6,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 9,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 13,8 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст кај Енергијата за 5,8 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4 отсто и Капитални производи за 33,3 отсто, додека опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 16,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто.
Индустриското производство во периодот јануари-јуни 2015 година, во однос на периодот јануари-јуни 2014 година, забележа раст од 0,8 отсто, а во првите шест месеци во однос на шесте месеци од 2014 година растот изнесува 0,8 отсто.
Ново на Сител
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
