Инцидент во Арачиново
Како што информира полицијата, вчера во 23,00 часот, Е.Р. од Арачиново пријавил дека истиот ден околу 11,20 часот во с.Арачиново во близина на Општината пред кафе бар го забележал лицето Б.В., заедно со неговиот брат Б.В. и две непознати машки лица дека застанале со патничко возило ,,Голф-4“ со скопски регистарски ознаки по што Б.В. излегол од возилото и се приближил кон Е.Р, а останатите три лица стоеле позади него. Според пријавителот, во еден момент Б.В. го удрил со тупаница во пределот на лицето, по што избегал и влегол во возилото, а кога Е.Р. се приближил до возилото, почувствувал дека некој од лицата со остар предмет му нанел расекотина на десната рака. Потоа, Б.В. излегол од возилото и извадил пушка заканувајќи му се на Е.Р., но по кратко време се повлекол во неговото возило и заминал од лице место. Според пријавеното, причина за настанот е расправија околу вознемирување на братучедка на Е.Р., на социјалните мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
-

Како да добиете обештетување доколку имате штети од невремето во вторникот?
-

Недоволна наплата на даноци: Општините пропуштиле милионски приходи
