ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје, најголем дел на возраст од 30-39
Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување од 5,9 проценти во однос на минатата недела, информираа денеска од Министерството за здравство.
Регистрирани биле 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 27,4 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.
Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24 проценти.
-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%), соопштуваат од Министерството за здравство.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7 отсто) лица од женски и 1.715 (50,3 проценти) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3 отсто.
-По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 477 повеќе во однос на минатата недела, велат од министерството.
Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6 отсто.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 19-25.10.2020г., како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.
Ново на Сител
-

Таткото на Ејми Вајнхаус загуби судски спор за аукција на предмети на неговата ќерка
-

Почина новинарката Гордана Дувњак
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, температура до 21 степен
-

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци
-

Иран со сериозни забелешки на некои потези на САД, но не ја исклучува можноста од нова рунда преговори
-

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина
-

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност
-

Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран
