ИЈЗ: По проверките, сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални
На ден 31.07.2024 година, беше востановено дека комора и фрижидер на одд. бактериологија во ИЈЗ беа оставени без електрично напојување
поради исклучен осигурувач.
После реакцијата истите да се стават во употреба, веднаш е направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од
комората и фрижидерот кои беа исклучени од електрично напојување.
На ден 01.08.2024 беа направени сите неопходни микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста на истите, а за добивање на
резултат беа потребни 24 часа.
На ден 02.08.2024, прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како
и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се
функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија.
Воедно превземени се дополнителни мерки за унапредување на биолошката сигурност.
Раководството на ИЈЗ ќе ги имплементира сите работни процедури во насока на подобрување на безбедноста како и унапредување на квалитетот на
услугите кои ги дава ИЈЗ.
ИЈЗ
Ново на Сител
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
-

За околу 300 евра повисоки плати ќе добијат уставните судии ако нема законски измени
-

„Здрава Котлина“ порачува, рудник на Огражден нема да има, Владата мора повторно да одлучува
-

Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева
-

Околу 70 поети на Струшките вечери на поезијата
