ИДФ: Околу 900.000 Палестинци евакуирани од градот Газа

Според проценките на израелската армија, околу 900.000 од вкупно околу еден милион Палестинци, кои живееле во градот Газа и северниот дел од енклавата пред големата офанзива на Израелските одбранбени сили (ИДФ), сега се евакуирани на југот од Појасот Газа.
Според израелските податоци, бројот на Палестинци што го напуштаат северниот дел од Појасот Газа се зголемил во последните недели по напредувањето на израелската армија, објави „Тајмс оф Израел“.
Меѓутоа, Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања објави на 2 октомври дека, како што наведоа, „се проценува дека стотици илјади луѓе остануваат во градот Газа и северниот дел од енклавата“.
Од минатиот месец на цивилите им е наредено да го напуштат градот Газа и сите области во северниот дел од енклавата и да се упатат кон хуманитарната зона назначена од Израел во јужниот дел од Појасот Газа, бидејќи во спротивно ќе бидат третирани како терористи.
МИА
Ново на Сител
-

До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
-

Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро
-

Сиљановска Давкова: Посетата на претседателката Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија
-

Археолошко богатство старо 2.300 години кај Младо Нагоричане сведочи за развиеното македонско кралство
-

Најчесто користени пин-кодови кои се цел на хакерите
-

УХМР предупредува: Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и град
-

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
-

Британските премиери се менуваат, само мачорот Лери останува
