ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран

Израелската војска (ИДФ) тврди дека го погодила иранскиот нуклеарен комплекс Талеган во близина на Техеран, за кој наведуваат дека бил користен за развој на технологии потребни за производство на нуклеарно оружје.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека станува збор за комплексот Талеган, што бил погоден за време на воздушните напади на израелските воздухопловни сили во текот на изминатите неколку дена.
Според израелската војска, Иран во последните неколку години во оваа локација развивал напредни експлозиви и спроведувал чувствителни експерименти како дел од проектот AMAD, за кој Израел тврди дека е тајната програма за развој на нуклеарно оружје на Иран.
ИДФ вели дека комплексот Талеган веќе бил цел на израелски напади во октомври 2024 година, кога Израел возврати на иранскиот ракетен напад претходно истиот месец.
Според израелската војска, неодамна било утврдено дека Иран започнал со обнова на комплексот по тие напади.
„Иранскиот режим продолжи со своите напори за унапредување и развој на капацитетите потребни за производство на нуклеарно оружје“, соопшти ИДФ.
Додадено е дека најновиот напад е дел од поширока серија операции насочени, според израелската војска, кон понатамошно ослабување на нуклеарните амбиции на Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
