-->
-->
И Капело го осуди стартот на Рамос
-->

Жестокиот старт на Серхио Рамос врз Лионел Меси во неделното „Ел Класико“ и понатаму е тема во Шпанија. Поради стартот, Рамос доби директен црвен картон.
Стартот на Серхио Рамос врз Лионел Меси, во второто полувреме, предизвикува полемики во шпанската јавност. Најголем дел од нив сметаат дека Меси во последен момент избегнал тешка повреда, додека Рамос изјави дека стартот не бил воопшто опасен.
Откако, капитенот на Реал доби директен црвен картон од судијата Хернандез Хернандез, Рамос долго протестираше, а влезе и во расправија со неколку играчи на Барселона.
По повод стартот се огласи и човекот кој му беше тренер на Серхио Рамос во сезоната 2006/2007, легендарниот Италијанец Фабио Капело.
Капело мисли дека играчите на Реал имале намера да го повредат Аргентинецот, а стартот на Рамос го нарече „криминал“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
