Хрватската полиција најде оружје во домот на лицето кое рани полицаец во Загреб

Хрватската полиција изврши претрес во куќата на Даниел Безук, кој рани полицаец со неколку куршуми пред влезот во владината зграда на плоштадот Свети Марко во Загреб, а потоа изврши самоубиство.
Семејната куќа во селото Клетиште кај Кутина, каде живееше Безук (22) со неговите родители, беше оградена од полицијата, а пред куќата имаше полициски возила, пренесува Индекс.хр.
При претресот на куќата биле присутни родителите на напаѓачот и неговиот брат.
Се претпоставува дека младиот човек го добил оружјето преку неговиот татко, воен ветеран. Според досегашните информации, станува збор за автоматска пушка, но за тоа сè уште нема официјална потврда.
Директорот на полицијата потврди дека е пронајдено оружје, како и дека полицијата се наоѓа во семејната куќа на напаѓачот, каде што тој сака да го пронајде потеклото на оружјето и да собере други докази или информации за мотивот за нападот.
Неколку часа пред да го изврши нападот, тој на Фејсбук напиша „Доста беше измами и безобзирно газење на човековите вредности без одговорност“.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
-

Детската песна за „Голема Албанија“ поттикна реакции – според АВМУ содржината шири омраза
-

Опозицијата ќе ја известува ЕУ за системска блокада на интеграциите
