Хрватска воведува построги анти-ковид мерки

Во Хрватска од денеска стапуваат во сила нови антиепидемиски мерки, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 – воведена е обврската на работодавците да ја организираат работата од дома секогаш кога е можно, дополнително се ограничуваат собирите, а се најавува и поинтензивна контрола на угостителските објекти.
Според одлуката на Националниот штаб за цивилна заштита, забранети се јавни собири и настани на отворено за повеќе од 50 лица (досега беа 100), а собирите со потврди за ковид и со согласност на локалниот штаб се ограничени на 200 лица, јави Хина.
Јавните собири со повеќе од 25 лица (50 досега) се забранети во затворен простор, а оние со потврда се ограничени на 100 лица. Воведени се нови мерки за приватните собири, така што е можно присуство на 20 лица (досега 30), а исклучени се собири каде секој има потврда и во тој случај на приватниот собир ќе можат да присуствуваат 50 лица.
Нема промени во работата на угостителските објекти, но поинтензивно ќе се контролираат ограничувањата на бројот на гости, одржувањето физичко растојание од 1,5 метар и користењето маски при седење на маса, како и проветрувањето и чистењето на просториите.
Од денеска бројот на гледачи на спортските натпревари е ограничен, па максимум 20 отсто од трибината ќе може да се пополни во затворен простор, а до 40 отсто на отворено.
Граѓаните мора да користат маски на верски церемонии и уметнички програми, во кина и изложби, како и на седници на претставнички тела, без оглед на тоа што поседуваат сертификат.
Ново на Сител
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
