ХРВ: Украина користи забранети противпешадиски мини
Невладината организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) соопшти дека се појавиле докази дека Украина неселективно користи забранети противпешадиски мини.
ХРВ ја повика украинската Влада да ги почитува преземените обврски и не користи такво оружје, како и да побара одговорност од тие што употребуваат забрането оружје.
– Наодите беа проследени до украинската Влада минатиот месец, но досега не добивме одговор, соопшти ХРВ.
Украина во 2005 година го ратификуваше меѓународен договор од 1997 година со кој се забранува употреба на нагазни мини и требаше да ги уништи резервите.
Русија не се приклучи на договорот, но нејзината употреба на противпешадиски мини го прекршува меѓународното хуманитарно право, бидејќи тоа е неселективно оружје, соопшти ХРВ.
Противпешадиските мини се активираат при контакт или непосредна близина и можат да бидат фатални за цивилите долго време по завршувањето на конфликтот.
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
