-->
-->
Хорор во Штип: Додека го доела своето бебе ја нападнале соседите со закани дека ќе ја силуваат
-->

Доцна синоќа во полициската станица во Штип, 18-годишна девојка од Штип пријавила дека околу 22,30 часот додека во својата куќа го доела своето бебе, неповикано влегле нејзините соседи А.Џ. и Е.Џ. од Штип.
Истите физички ја нападнале удирајќи ја со неколу тупаници во пределот на телото, по што оштетената паднала на подот, а осомничените продолжиле да ја удираат со клоци, а воедно и да и ја кинат облеката со намера да ја соблечат, а притоа ја допирале во пределот на градите и и се заканувале дека ќе ја силуваат.
Истите ја изнеле девојката надвор од куќата во дворот, каде продолжиле со дејствието и намерата да извршат обљува врз неа, но биле спречени во намерата од соседи кои во моментот слушнале викање и барање помош, по што осомничените избегале од местото на настанот, а оштетената била однесена со итната медицинска помош.
СВР-Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно рачистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за 30-годишен припадник на Армијата, во ранецот му пронашле марихуана
-

10-годишно дете почина по пад од тераса во Тетово
-

Десет кривични имал сопругот на Ивана, на вчерашната трагедија и претходела расправија
-

Прегазена 59-годишна жена од с.Злетово, починала на местото на несреќата
-

На 2 февруари во ЦСР е добиен допис од МВР за напад на сопругот врз починатата жена, велат од МСПДМ
-

МЕРМС: Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност на снабдувањето за граѓаните и стопанството
-

Генералниот секретар на НАТО Руте пристигна во Скопје
-

Лавров: Каде се доказите дека Иран развива нуклеарно оружје
