Хонг Конг го продолжи карантинот на три недели
Хонг Конг го продолжи задолжителниот карантин од седум дена на 21 ден за сите посетители кои доаѓаат надвор од Кина, а таа одлука стапи на сила денеска, со цел да се спречи ширењето на мутираниот, многу заразен вид на коронавирус.
Властите исто така забранија влез во Хонг Конг на сите луѓе кои биле во Јужна Африка во последните три недели.
Хонг Конг веќе ги забрани летовите од Велика Британија, а градските власти во средата соопштија дека најверојатно двајца студенти кои се вратиле од Островот биле заразени со новиот вид на Ковид-19.
Во денешното соопштение, властите соопштија дека луѓето кои престојувале надвор од Кина во претходните три недели ќе мора да останат во карантин 21 ден во специјални хотели направени за таа цел.
– Во согласност со драматичната промена во светот предизвикана од новиот вид на Ковид-19, ние сме принудени да воведеме мерки веднаш. Мора да сториме сè за да се осигуриме дека ниту еден случај нема да биде под нашиот радар, дури и во ретки случаи кога инкубацијата трае 14 дена, рече владиниот портпарол.
Ново на Сител
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
