Холандскиот премиер е противник на референдумите

Холандскиот премиер Марк Руте изјави денеска пред конференцијата на европратениците во Хаг дека е целосен противник на референдумите.
Тој го нарече катастрофален резултатот од референдумот во Холандија во април за спогодбата меѓу Европската унија и Украина.
- Во Холандија имавме референдум и тоа доведе до катастрофални резултати. Јас сум целосен противник на референдумите и навистина сум категорично против референдуми за мултиратерални договори. Тоа е сосема бесмислено. Не може една земја да решава за цела Европа дали да потпише или не договор со друга земја, додаде Руте.
Прашањето за референдумите е особено актуелно, со оглед на тоа дека следната недела Британците на референдум ќе се изјаснат за тоа дали се за останување на земјата во ЕУ.
Холандија, која е ротационен претседавач на ЕУ до крајот на јуни, е единствената земја од Унијата, која не ја ратификуваше спогодбата со Украина.
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
