-->
-->
Холандската „Инофрут“ ќе инвестира 10 милиони евра и ќе отвори 130 работни места во Дојран и Богданци
-->

Холандската компанија „Инофрут“ влегува со инвестиција во Македонија. Заменик министерот за земјоделски Ванчо Костадиновски и претставникот од компанијата Стефани Тиморс денес ги соопштија деталите за инвестицијата која ќе отвори нови 130 работни места.
Костадиновски истакна дека со компанијата повеќе од 8 месеци биле во анализи, разговори, техничка помош и асистенција во сите фази од нивното истражувањето.
-Од повеќе земји во регионот тие одлучија да инвестираат во Македонија. Инвестицијата е преку превземање на стечајниот имот на загубарот, комбинатот „Агро-лозар“ од Богданци. Со превземањето на стечајниот имот, тие се во позиција да склучат договор со МЗШВ и да се обврзат да инвестицираат во јужниот дел на Македонија, поточно во општина Дојран и општина Богданци преку започнување на активности за примарно производство на долгогодишни овошни насади таму каде што оваа компанија има навистина огромно искуство. Преку воведување најнови технологии за производство на цреши, рана и доцна, производство на трпезно грозје со најсовремени сорти и технологија која оваа компанија ја применува, истакна Костадиновски.
Тој посочи дека холандската компанија има свои капацитети во Јужна Африка и Етиопија каде со 350 вработени ги остваруваат своите активности, односно ги прибираат своите производи и ги дистрибуираат во елиот свет. Најзастапени се на пазарите во Европска Унија, Средниот Исток и на пазарите надвор од ЕУ, САД, Јужна Америка. Активностите на терен се очекуваат веќе идниот месец кога ќе бидат заседини првите насади на сортни цреши. Вкупната површина која ќе ја обработува компанијата е 250 хектари.
Тиморс од менаџментот на холандската компанија посочи дека речиси две години го истраживале пазарот за овошје и зеленчук на Балканот и се одлучиле нивната инвестиција да ја започнат во Македонија поради поволноста на климата за производство и поддршката и соработката која ја имале со македонската Влада.
-Сакаме да воспоставиме иновативно производство. Во првата фаза ќе обработуваме 55 хектари, а во меѓувреме ќе ги испитуваме водата и почвата какви култури може да се одгледуваат во останатите парцели. Планираме и 130 вработувања, од кои дел привремени, дел на неопределен рок. Очекуваме да почнеме со производство што поскоро и се надеваме на одлична соработка со локалните производители, подвлече Тиморс.
„Инофрут“ работи 16 години, дистрибуира овошје на речиси сите надворешни пазари, а од пред три години се занимава и со производство. Според досегашните проценки на компанијата инвестицијата ќе биде меѓу 9 и 10 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
-

12-годишно девојче паднало од тротинет и тешко се повредило
-

19-годишник го претепал детето на сестра му
-

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
