-->
-->
Хирург ги „допирал“ пациентите, краделе работи од пациенти пред умирање ...
-->

Грешки се случуваат во секоја работа, па така и во медицината. Овие луѓе намерно предизвикувале повреди кај болните, но за среќа биле разоткриени од јавноста.
Ги допирал пациентите под анестезија.
Доктор Мајкл Т. Кларк има необична навика - пред операција ги пипкал пациентите по задникот и зборувал вулгарни работи. Пред пациентите се правдал дека тоа го прави за да провери дали анестезијата делува. На почетокот тој бил пријавед во управата на болницата од каде го суспендирале осум месеци. Потоа, мајкл изразил жалење за своето „хоби“ и бил вратен назад во операциона сала.
Погледнете го видеото....
Го удирал пациентот после операција на срцето.
Анестезиологот д-р Андреј Вотјаков од Русија, после 36-часовна смена го загубил трпението. Пациентот(61) наводно го изнервирал докторот и не покажал почит кон неговата работа. На видеото се гледа како докторот го злоупотребува пациентот, кој починал неколку дена подоцна. Д-р Андреј се извинил за случајот и изјави лдека смртта на пациентот нема поврзаност со неговиот напад врз истиот. Истрагата заклучила дека тоа е вистина, но сепак тој бил казнет парично и пет месеци доброволна работа.
Погледнете го видеото...
Крадела од починати пациенти.
Во јануари 2015 година во болница во Велс забележале дека на починати пациенти им недостасуват работи. Болницата во соработка со полицијата фатила 49-годишна медицинска сестра, која крадела од старец под влијание на морфиум. За своите злодела добила 16 месечна казна.
Гинеколог ги снимал пациентите.
Гинекологот Никита А. Леви работел во една болница во САД цели 25 години, а најмалку 8 години тој носел скриена камера со која ги снимал гинеколошките прегледи. Тоа го приметила и пријавила нговата колешка. Во истрагата пронајдени се над 1200 видеа, а како оштета болницата на пациентите им платила над 190 милиони долари. Десет дена по откривање на случајот докторот извршил самоубиство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

2.916 парчиња пиротехнички средства пронајдени во локал во Тетово
-

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-

Кривична против неготинец, осомничен дека без документација изградил објекти и вршел угостителска дејност
-

Ги убивал за да ги задоволува половите страсти спрема мртви тела, детали од обвинението за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во постапката за проневера во ФФМ
-

АИ и кибер-одбраната во фокус на „Skopje Security Conference 2026“
-

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри
-

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците
