-->
-->
Хирошима и Оукленд го отвораат Светското клупско првенство
-->

Со натпреварот меѓу екипите на Хирошима и Оукленд Сити, денеска (11:45 часот) на стадионот во Јокохама, ќе започне Светското клупско првенство во фудбал.
На ова натпреварување кое ќе трае до 20 декември, ќе учествуваат седум екипи. Покрај јапонскиот шампион Хирошима и првакот на Океанија, Оукленд Сити, ќе учествуваат и:
европскиот шампион – Барселона;
првакот на Јужна Америка – Ривер Плата;
шампионот на Северна и Средна Америка – Клуб Америка;
првакот на Азија – Гвангжу;
шампионот на Африка – Мазембе.
Победникот од денешниот дуел меѓу Хирошима и Оукленд во четвртфиналето на 13 декември ќе игра против Мазембе.
Истиот ден во второто четвртфинале ќе се сретнат Гвангжу и Клуб Америка.
Победникот од натпреварот Хирошима/Оукленд - Мазембе, на 16 декември за противник во полуфиналето ќе го има тимот на Ривер Плата, а ден подоцна (17 декември) во второто полуфинале Барселона ќе игра против победникот од натпреварот Гвангжу – Клуб Америка.
Финалето ќе се игра во Јокохама на 20 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
