Македонија
21. August 2026 - 12:17
Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
Нема повеќе да има хаварисани и нерегистрирани возила по јавните паркиралишта во централното градско подрачје на Штип. Општината започнува акција за нивно отстранување, откако во изминатиот период е забележан зголемен број вакви прекршоци.
- На овие површини исто така е забрането да се оставаат и паркираат земјоделска механизација и приклучна механизација, како и камп приколки и приколки. Изминатиот период на повеќе места се детектира сторување на овој вид на прекршок, па заради тоа, како една од функциите на инспекцијата е превентивно, односно да ја информираме јавноста преку медиумите дека во наредниот период ќе се преземат вонредни инспекциски надзори, согласно кои што ќе се контролира точно, односно прекршувањето на овие одредби коишто се предвидени согласно Одлуката за комунален ред на Општина Штип- вели Лазар Хаџи Николов, ЛС - Штип
Инспекциските служби досега евидентирале околу 80 возила за кои на сопствениците им биле доставени опомени. На сопствениците ќе им биде оставен рок од осум дена да ги отстранат возилата. Доколку останат и после предвидениот рок, возилата ќе им бидат дислоцирани.
- По одлуката за комунален ред возилата се дислоцираат во „Новакова Чешма“, во магацините на ЈП „Стипион“ и потоа доколку прекршителите, односно, сопствениците на возилата, на тие хаварисани возила кои сакаат да ги подигнат, потребно е да уплатат финансиски средства од 3.000 денари за да си го подигнат истото возило назад- изјави Борче Везенков, комунален инспектор, ЛС- Штип
Од општината апелираат сопствениците да не ги оставаат неисправните и нерегистрирани возила на јавните површини, ниту во централното градско подрачје, ниту пред колективните станбени објекти.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
