Хашим Тачи најавува оставка

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ќе поднесе оставка или ќе распише референдум ако Собранието не го одобри договор со Белград.
Според тој договор, на Косово би му припаднале три општини од централна Србија – Бујановац, Прешево и Медвеѓа.
Тачи за приштинската телевизија „Репортер“ прецизира дека оставката ќе ја поднесе во случај да биде договорено со Белград припојување на тие три општини со Косово, а Парлемантот не прифати таков договор.
– Тие кои ме критикуваат не би требало да мислат дека би го прекршил Уставот. Никогаш не би го прекршил Уставот, но да се смени тој, тоа да. Можеме да постигнеме договор, а потоа да го изнесеме пред Собранието на Косово, кое може да го усвои или не, рече Тачи, додавајќи дека во тој случај ќе поднесе оставка или ќе распише референдум.
Тој повтори дека Приштина не може поради „непријателството“ со Белград да го загрози стратешкиот сојуз со САД и порача дека треба да се укине таксата за стока од централна Србија.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
