Хакирани околу 500 милиони корисници на „Јаху“

Американската интернет компанија „Јаху“ потврди дека налозите на околу 500 милиони нејзини корисници биле нападнати минатиот месец од хакери.
Како што пренесува „Дојче веле“, засега непознати хакери ги украле приватните информации на речиси половина милијарда корисници на „Јаху“.
Податоците вклучуваат кориснички имиња, лозинки и лични информации, како што се датуми на раѓање и секундарни електронски пошти.
- „Јаху“ ги известува потенцијално загрозените корисници дека презема мерки за заштита на нивните налози. Тоа подразбира бришење на безбедносните прашања и одговори, со цел да не можат да се искористат за пристап до налозите и промена на лозинките, се наведува во соопштението.
„Јаху“, исто така, им порача на корисниците, кои не ги смениле лозинките од 2014 година, да го направат тоа.
Во компанијата веруваат дека украдените информации не вклучуваат податоци за кредитни картички или банкарски сметки.
Според медиумите, постои сомнеж дека податоците ги хакирал некој кој има државна поддршка.
Ново на Сител
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
