Хакерски напад лоциран во Македонија - Венецуела обвинува за упад во изборниот систем

Стигнаа и првите обвинувања за изборни нерегуларности по вчерашните контроверзни избори во Венецуела, но овој пат од државните институции. Јавниот обвинител на Венецуела Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, ја обвини лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, дека заедно со уште неколку лица извршила напад врз Националниот изборен совет (ЦНЕ) од Македонија за време на претседателските избори.
На прес-конференција Сааб рече дека неговата канцеларија пронашла прелиминарни докази за наводен обид за саботажа на изборниот систем на ЦНЕ што доаѓа од Македонија, а зад која покрај Мачадо стоеле и „бегалците од правдата“ Лестер Толедо и Леополдо Лопез.
Ваквиот чин според обвинителот го забавил системот со кој се обработувале податоците при што двата табора објавија различни резултати со огромна разлика на изборите. Како што објавија медиумите победник на вчерашните избори е актуелниот претседател Николас Мадуро кој е на власт веќе 11години, додека кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалез Урутија освоил 44 отсто.
Опозицијата го тврди спротивното, односно дека победил токму нивниот канидат со огромна разлика од 70 проценти од избрачите што излегоа на гласачките места. Поради ваквите спротиставени позиции избија немири во Венецуела.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
