Гутереш: Формирањето „две држави“ единствена алтернатива за израелско-палестинскиот конфликт

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека формирањете на две држави - Израел и Палестина, е единствено решение за ставање на деценискиот израелско-палестински конфликт, кое нема алтернатива.
Трамп ја промовираше новата американска позиција кон ова бискоисточно прашање, за време на вчерашната официјална посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху на Вашингтон, нагласувајќи дека САД повеќе не инсистираат на решението за создавање на две држави.
Тој вети „голем“ мировен договор, при кој и Израел и Палестинците ќе мора да попуштат и да направат компромис во однос на своте сегашни позиции.
Според американските и израексите медиуми, Нетанијаху со задоволство гледа на новата позиција на САД кон барањето на договор за траен мир, особено што Вашингтон сега инсистира решенеито да се бара низ директни преговори меѓу двете страни без меѓународно посредништво.
Палестинците, меѓутоа, жесток се спротивставуваат на новата позиција на САД. За палестинските лидери, откажувањето од решението „две држави“ значи дека САД се откажуваат и од поддршка на опеределбата за создавање независна палестинска држава.
Гутереш сега бара од меѓународната заедница да застане зад решението за „две држави“, кое досега имаше широка подршка и се сметаше како темелник врз кој треба да се изгради едно трајно мировно решение.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
