Груевски на одбележување на Богојавление - Водици во Гостивар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици во Гостивар.
Груевски од име на партијата на 25-годишниот гостиварец Горан Божиноски, кој го фати Светиот крст во реката Вардар, му подари икона на која е претставен Ангелот од Курбиново и лап-топ компјутер.
На чинот на положувањето на крстот на првиот град на Вардар му претходеше света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“. Голем број верници се приклучија на литијата која од црквата низ градот се движеше до малиот мост од каде митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф го положи крстот во реката.
Годинава за фаќање на крстот се пријавива триесетина гостиварци кои и покрај минусните температури влегоа во водите на Вардар. Церемонијата, која беше обновена лани по речиси седум децениски прекин, од двете страни на кејот ја следеа над две илјади верници.
- Ова за мене е голема среќа. Посакувам Светиот крст да ми донесе здравје и среќа, мене и на моите најблиски. Радосен сум што оваа традиција продолжува. На сите им посакавам да ги следи здравје и среќа, изјави Горан Божиноски, вработен во МВР.
Богојавление во Гостивар се слави по втор пат откако настанал прекин во традицијата на положување на крстот во реката Вардар. Годинашното одбележување, како што рекоа од Организацискиот одбор, им го посветија на двајцата загинати гостиварци во немирите во Куманово, меѓу кои беше и Горан Илиевски, еден од иницијаторите за возобновување на празнувањето.
Ново на Сител
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
-

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
