Груби-Велдман: Усвојување на законите за ЈО и за Советот на ЈО за почеток на преговорите оваа пролет

Најновите случувања во земјата, со акцент на претстојните парламентарни избори закажани за во април годинава, како и на досега реализираните реформи, кои од нас ги бара ЕУ биле теми на денешната средба во Собраниењто на РМ на Комисијата за европски прашања чиј претседател е пратеникот Артан Груби, со делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Холандскиот парламент, предводена од претседателот на Комисијата, Хајке Велдман.
Како што соопштија од оваа собраниска комисија, на средбата во контекст на темите Груби информирал за реализацијата на Охридскиот рамковен договор и на Преспанскиот договор, на Стратегијата за реформи во правосудниот систем, и за тоа дека во собраниска процедура се двата предлози на закони за Јавното обвинителство и за изменување и дополнување на Законот за Советот јавни обвинители. Тој, се посочувам изрази надеж дека Собранието ќе успее да ги донесе двете законски решенија до распуштањето на Парламентот, и дека тоа ќе резултира со добивање датум за почеток на преговорите на Советот во март или во мај оваа година.
Од холандска страна, се наведува, беше истакнато дека е важно овие два закона од областа на правосудството да се донесат што поскоро, со консензус, со цел да се направи чекор напред во борбата со корупцијата, што е многу важен критериум за земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло за почеток на преговорите на Советот во Загреб оваа година.
Во дискусиите на членовите на Комисијата за европски прашања беше потврдена заедничката определба на сите политички партии за европската перспективата на земјата, и во тој контекст на нивната посветеност за реализација на европските реформи. Притоа, беа изразени и мислења за новата методологија за проширување на Европската комисија, со укажување дека станува збор за посложени механизми за зачленување на новите земји аспиранти, што ќе изискува и професионална и стручна администрација и експертска поддршка во процесот на преговорите. Заеднички беше искажана заложба за понатамошно работење на реформите во земјата, не само во законодавната сфера, туку и на нивна имплементација во праксата, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
