ГРОМ: Академиците да се изјаснат за навредите од Димитров

Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ ги прашува академиците зошто два дена молчат и дали се точни обвинувањата на бугарскиот министер Божидар Димитров, задолжен за Бугарите во странство, дека македонските академици се уплашени, уценети и лесно поткупливи.
- Чекавме да видиме дали тие на кои е упатено невиденото омаловажување од Божидар Димитров ќе реагираат на неговите навреди. Тој вели дека МАНУ се откажала да се изјасни против потпишување на договор за добрососедство со Бугарија, а академиците се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати, кои знаат дека Зоран Заев ќе ги избрка од работа ако тргнат против него и затоа велат да. Тие се луѓе на кои ќе им дадеш пари и за возврат ќе се пишат Бугари, тоа е многу стара македонска практика. Никој досега нема кажано вакви навредливи зборови за една важна македонска институција и за луѓето во неа. Изјаснете се дали е точно ова што го зборува Димитров, беше посочено на денешната прес-конференција на ГРОМ.
Беше нагласено дека постојано ќе ги прозиваат академиците да се произнесат за обвинувањата, бидејќи трошат народни пари и сносат голема одговорност.
Од ГРОМ потсетија дека Димитров изјави дека со новиот договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија ќе престане кражбата на бугарската историја и Македонците ќе се откажат од досега украдената историја.
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
