-->
-->
Гризман: Мојата шанса беше клучна?!
-->

Најдобриот стрелец на ЕУРО 2016, Антоан Гризман е разочаран што во финалето против Португалија не постигнал гол и што не ја освои титулата.
„Можеби подоцна ќе бидам горд, но сега е важен тимот. Многу сум разочаран поради соиграчите. Сакав да им го донесам трофејот, но не постигнав гол во финалето и многу сум разочаран“, рекол Гризман.
Франција, во финалето на ЕУРО 2016, загуби по продолженијата од Португалија со 1-0. Гризман, во регуларниот дел од натпреварот пропушти две добри шанси, во 10-та минута Руи Патрисио го одбрани неговиот удар, а во 66-та минута со глава шутираше крај голот.
„На ова првенство имавме некои неверојатни моменти, но во исто време го доживеавме и најтажниот. Во истовреме величенствено и окрутно. Мора да извлечеме поуки од овој пораз. Дадовме се од себе во финалето и не треба да ни биде жал. Горд сум на тимот, на сите играчи. Сега мора да се врартиме уште посилни“, дополнил Гризман.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид на ЕУРО 2016 имаше учинок од шест гола и две асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
