-->
-->
Гринвуд уапсен под обвинение за силување и тепање на поранешната девојка
-->

Полицијата денес го уапси напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд. Тој е осомничен дека ја претепал и силувал поранешна девојка.
Претходно се дозна дека до разјаснување на околностите, клубот го суспендирал играчот од тренинзи и натпревари. Од клубот изјавија и дека не одобруваат ниту една форма на насилство.
Полицијата на Манчестер ја потврди веста за апсењето. Фудбалерот ќе остане во притвор, ќе биде сослушан за овој случај. Полицијата поведе истрага за инцидентот, откако ги проучуваше изјавите на поранешната девојка на играчот.
Претходно, поранешната девојка на играчот, моделот Хариет Робсон, го обвини Гринвуд дека ја тепал и силувал. Таа покажа докази за тепањето на социјалните мрежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
