Грција утре ќе ја добие првата пратка од вакцините за Ковид-19

Првата пратка од 9.750 дози на вакцината за Ковид-19, се очекува утре да пристигне во Грција, а веќе во недела и официјално да започне вакцинацијата во земјата, односно т.н. „операција Слобода“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката телевизија „Мега“, камионите со вакцините во земјата ќе влезат преку граничниот премин „Промахонас“ од Бугарија и веднаш ќе започне спроведувањето на планот „Хипократ“ на грчката полиција за безбедно да пристигнат во магацините со фрижидерите во Атина.
На целиот пат, камионите ќе бидат под полициско обезбедување, а и магацините ќе бидат под 24-часовен надзор.
Вакцините ќе бидат сместени во специјални фрижидери за длабоко замрзнување, од каде што ќе се пренесуваат во центрите за вакцинација кои се вкупно 1.018 во цела Грција.
„Операцијата Слобода“, односно вакцинацијата ќе започне во недела, веројатно точно напладне, а првите вакцини ќе ги примат повозрасен граѓанин, медицинско лице, но и грчкиот премиер и претседателката на Грција.
Ново на Сител
-

Вонредна состојба поради невремето во 10 српски општини
-

Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада
-

Во пакет наменет за затвореник во Идризово пронајдени 220 таблети
-

Со автомобил влечел тинејџерки на санка во Србија, при падот тие биле прегазени од друго возило
-

Струмичанец со автомобил удрил полициски службеник и побегнал
-

Обид за грабеж на бензинска пумпа во Кисела Вода
-

Се запали куќа во Центарот на Скопје - нема повредени
-

Започнуваат зимските попусти во Грција
