Грција денеска треба да уплати 3,5 милијарди евра на сметката на ЕЦБ

Грција, која се наоѓа во опасност од банкрот, денеска треба да се исправи пред уште едно сериозно задолжување откако заврши важноста на издадените обврзници, во вредност од 3,5 милијарди евра, што беа држани од Европската централна банка (ЕЦБ), информира ДПА.
Владата на премиерот Алексис Ципрас веќе заостана со плаќањето на приближно две милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд, но и покрај тоа шефот на ЕЦБ, Марио Драги, очекува да ја добие должената сума. Неговиот оптимизам најмногу се темели на договореното премостено финансирање за Атина од страна на Еврогрупата, во вредност од 7,16 милијарди евра.
Премостеното финансирање, што ќе се обезбеди од Европскиот механизам за финансиска стабилизација (ЕМФС), треба да поддржи Грција до прифаќањето на третата спасувачка програма, што може да одземе неколку недели.
Се очекува Атина денеска да добие привремено финансирање за да може да ги исполни своите обврски кон ЕЦБ.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка
-

Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !
-

Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
-

Мицкоски разговараше со Рубио во Њујорк: Потврдена важноста на стратешкото партнерство и на континуираниот политички дијалог со САД
-

Поради промена на Судечкиот совет, судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“ почнува од почеток
-

Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
-

Македонија официјално има Гинисов рекордер: Кристијан Бајовски направи 1.257 склекови за еден час со 9 кг тежина
-

Македонските кик-боксери ги дознаа противниците на Светското првенство во Италија
