Грција: Бесплатен одмор за туристите кои лани ги напуштија хотелите на Родос поради пожарот
Грција почна да дели ваучери за бесплатен седумдневен одмор на туристите принудени да ги напуштат хотелите на грчкиот остров Родос во летото 2023 година поради шумски пожар.
Околу 25.000 туристи, главно од Велика Британија, чекаат да добијат ваучери за седумдневен престој во хотелите на Родос, објави Гардијан.
Грција усвои нов закон за ова, а министерот за туризам Мирон Флурис рече дека Грција е првата земја во светот која одлучила на овој начин да им дава компензација на туристите.
Во рамките на таа програма, лицата евакуирани од хотелите поради пожар во јули ќе можат да користат е-ваучери во вредност од 300 до 500 евра за покривање на трошоците за сместување за време на еднонеделен престој.
Иницијативата ќе се спроведува во две фази: од сега до 31 мај и од 1 октомври до 15 ноември. Туристичките власти во Родос соопштија дека досега се регистрирани повеќе од 5.000 туристи во регистарот на корисници на програмата.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
