Грантови за земјоделци за примена на агроеколошки мерки

Грантови за набавка на земјоделска опрема и материјали до 300.000 денари ќе бидат доделени на земјоделци кои ќе поминат успешни обуки за примена на агроеколошки мерки, во рамки на проектот за управување со сливот на Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Според објавениот повик, пријавувањето за обуките за агроеколошко производство ќе трае до 10-ти следниот месец. Обуките ќе се одржат од јули до ноември годинава, по што во декември ќе има тестирање. Финансии ќе добијат најдобрите учесници на обуките што ќе се изведуваат во Радовиш (за општините Радовиш и Конче), со акцент на производителите на сливи, јаболка и круши и во Струмица (за општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село), со акцент на производителите на пиперки и домати (на отворено и затворено).
За учество на обуката планирано е да се изберат 25 производители на сливи, јаболка или круши од Радовиш и Конче и 30 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) од Струмица, Ново Село, Василево и Босилово. Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми, вклучувајќи и стручна проценка на придонесот на насадите и предвидените мерки кон целите на проектот.
Пријавата и детали околу критериумитеза учество во програмата, може да се најдат на веб страната www.rdc.k/southeastregion, а печатени примероци може да се добијат во канцелариите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица и општините Радовиш, Конче, Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.
Целта на проектот за управување со сливот на река Струмица е да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошкиот статус на водните тела и целокупното сливно подрачје. Во партнерство со локалните земјоделски производители, ќе се спроведат активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето современи, агроеколошки мерки.
Ново на Сител
-

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит
-

Сончево и потопло време, температури до 23 степени
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
