Граничниот премин Ники затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата непречен

Граничниот премин Ники кон Грција од 10:30 часот денеска е затворен за сообраќај на товарни моторни возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од Автомото сојузот потсетуваат дека од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.
АМСМ ги предупредува возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Најризични делници се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
