-->
-->
Граѓанска лекција за Челзи
-->

Манчестер Сити го декласира Челзи во Лондон со 3:0,во дерби мечот одигран во рамките на 34.коло во Премиерлигата. На Челзи му пресудија Кун Агуеро, кој постигна „хет-трик“ и екс играчот на „сините“ Де Брујне, кој беше аистент за првите два гола.
Манчестер Сити по пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите пристигна на „Стенфорд Бриџ“ каде потврди дека формата на тимот се движи во нагорна линија. Де Брујне во 33-та и 54-та минута му асистираше на Кун Агуеро за првите два гола, а Аргентинецот „хет трикот“ го комплетираше во 80-та минута кога реализираше пенал.
Сити со оваа победа се искачија на третото место на табелата, пред Арсенал, кој в недела игра против Кристал Палас.
Оваа рунда во Премиерлигата донесе значајни победи на САндерленд и Њукасл кои се борат за опстанок, додека Астон Вила со поразот во Манчестер од Јунајтед и математички испадна од лигата.
Рашфорд го постигна единствениот гол на „Олд Трафорд“, со кој ја испрати Вила во Чемпионшип дивизијата. Инаку, Астон Вила пред 29 години беше еден од коосновачие на Премиерлигата.
Сандерленд славеше во Норич со 3:0, а Њукасл со идентичен резултат го совлада Свонси. Без победник 1:1 заврши натпреварот помеѓу Евертон и Саутемптон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
