Граѓаните и догодина ќе аплицираат за „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“

Граѓаните и следната година ќе можат да аплицираат за државни субвенции за станбен кредит преку проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“. Во своето обраќање за носењето на Буџетот за 2017 во Собранието, министерот за финансии Кирил Миноски истакна дека и во буџетот за следната година се обезбедени средства за овие два проектa.
- Во Буџетот за 2017 година предвидуваме и средства во износ од 120 милиони денари за проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“. Интересот кај граѓаните за нив е огромен, затоа планираме да им дадеме можност и следната година да аплицираат, истакна Миноски.
Досега преку двата проектa станбеното прашање го имаат решено преку 1.000 семејства, а доделени се субвенции од преку 7 милиони евра.
Проектот „Купи куќа, купи стан“ предвидува субвенции од државата на станбен кредит за купување на куќа или стан. Кога станува збор за стан, државата субвенционира или 50 отсто од месечната рата за време на првите 5 години од отплата на кредитот или 50 отсто од учеството за кредит. За куќа субвенциите изнесуваат 75 отсто од ратата или 75 отсто од учеството за станбен кредит.
Преку проектот „Купи куќа за млади“ на младите до 35 години државата им субвенционира изградба или купување на куќа и тоа: 80 отсто од месечната рата за првите 8 години и 50 отсто од ратата за следните три години од исплата на станбениот кредит или 100 отсто од учеството за станбен кредит.
Ново на Сител
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
