Градот Азбест во Канада го менува името
– Жителите на градот Азбестос во канадската покраина Квебек на референдум изгласаа промена на името на тоа место. Целта е да се дистанцираат од тој некогаш се присутен минерал, кој сега се смета за отровен. Вкупно 51,5 отсто од жителите на гратчето каде што некогаш се наоѓал еден од најголемите рудници за азбест во светот, гласаа за промена на името. Меѓу петте понудени, тие се одлучија за името Вал-де Сурс (Долина на Изворите).
– Тоа е име што ја претставува нашата област, а особено инспирацијата што ни ја дава за иднината, рече градоначалникот Иг Гримар. Градското собрание го потврди новото име, за кое сите жители на градот над 14-годишна возраст можеа да гласаат на референдум. Гримар изрази надеж дека новото име ќе стане официјално пред декември. Градот Азбестос има околу 7.000 жители и се наоѓа на 150 километри источно од Монтреал. Изграден е кон крајот на 1870-тите, откако во близина е отворен рудник за азбест.
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
