Градоначалникот Трајановски го посети СОС Детско село

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го посети СОС Детско село, се дружеше со децата што се згрижени во оваа орагнизација и им подари пакетчиња и шпорет кој ќе го користи едно од семејствата.
Трајановски на децата, стручниот тим и СОС мајките им ги честиташе новогодишните и божикните празници.
- Град Скопје и натаму ќе дава поддршка на овој проект кој се покажа како многу успешен и како единствена можност овие деца да се изведат на вистинскиот пат, да се вработат и да формираат сопствени семејстава, рече Трајановски.
Директорката на СОС Детското село Виолета Ѓорѓиева истакна дека градоначалникот Трајановски веќе 10 години, односно уште од 2006 година, и како градоначалник на општина Гази Баба, му помага на СОС Детското село.
- Не само со финансиски средства, туку и во рамки на неговите надлежности го помага и дава поддршка на нашето работење, рече Ѓорѓиева и му врачи благодарница на Трајановски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
