-->
-->
Градоначалникот на Велес Чадиев ја презентираше новата Индустриска зона Мамутчево
-->

Во просториите на Општина Велес денеска градоначалникот Славчо Чадиев пред бизнис секторот ја презентираше новата Индустриска зона „ Мамутчево“, лоцирана на левата страна од регионалниот пат Велес-Штип.
Како што информира за медиумите градоначалникот Чадиев, Индустриската зона Мамутчево се простира на површина од 43 хектари и е најголема во поширокиот регион.
- Оваа Индустриска зона Мамутчево е со основна класа на намена на површини Г-(производство, дистрибуција и сервис) односно класа на немена, Г2-лесна и незагадувачка индустрија, Г3-сервиси, Г4 -стоваришта на локалитетот во месноста викана „Кумсал“ Катастарска Општина Мамутчево, Општина Велес.А планираме во капацитетите на оваа индустриска зона да се вработат од две до три илјади граѓани од Велес и поширокиот регион,информира Чадиев.
Тој појасни дека теренот за предвидениот стопански комплекс Мамутчево е рамен и има добра инфраструктура односно се поврзува со патот за Скопје и Прилеп.
Бизнисмените се распрашуваа и бараа подетално објаснување за можностите и поволностите кои ги нуди Општина Велес за изградба на производствени погони во рамки на Индустриската зона Мамутчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
