Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа

Германскиот град Ајзенхутенштат, којшто се наоѓа на границата со Полска, нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа, со цел да привлече нови жители и да ја обнови заедницата, пренесува „Н-1“. Апликациите се отворени до почетокот на јули.
„Проектот е наменет за сите заинтересирани да се преселат во Ајзенхутенштат – како што се патници, луѓе заинтересирани да се вратат во градот, квалификувани работници или самовработени луѓе кои бараат промена на живеалиштето. Тие ќе имаат можност да го запознаат животот, работењето и заедницата (на Ајзенхутенштад) за време на 14-дневен пробен престој – бесплатно и во центарот на градот“, соопштија властите.
Избраните кандидати ќе живеат во опремен стан од 6. до 20 септември како дел од „иновативниот проект за имиграција“ насловен „Направи план сега“, додава Градскиот совет.
За да им помогне на кандидатите „да го почувствуваат“ градот, советот ќе понуди низа активности, вклучувајќи патувања и излети. Властите ќе ги охрабрат кандидатите да останат трајно во градот со околните компании коишто нудат поволни можности за интервју, стажирање и работа.
Основан во 1950 година, Ајзенхутенштат, што во превод значи „Градски работилници на челик“, бил првиот целосно планиран град под социјалистичката власт на поранешна Источна Германија. Наоѓајќи се на бреговите на реката Одра, тој бил изграден околу огромна челичарница. Многу згради од социјалистичката ера се наведени како историски споменици, а распоредот на градот, според многумина – е неверојатна, па претежно ги привлекува посетителите кои се заинтересирани за архитектура.
И денес, Ајзенхутенштат е дом на најголемата интегрирана фабрика за челик во источна Германија, којашто вработува 2.500 луѓе, а исто така е центар за обработка на метали.
Порано познат како Сталинштат или „Градот на Сталин“ – според поранешниот советски претседател Јосиф Сталин, градот е преименуван по обединувањето на Источна и Западна Германија по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Како и многу градови во поранешна Источна Германија, бележи намалување на населението – од над 50.000, на сегашните околу 24.000 жители, јавуваат околните медиуми.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
