Град Скопје:Прскањето против комарци се реализира на терен

Согласно Програмата за дезинсекција на подрачјето на Скопје во текот на оваа недела се извршува прскањето против комарци, информираат од Град Скопје.
Денеска во раните утрински часови била извршена првата авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, посочуваат од град Скопје и додаваат дека таа ќе продолжи во раните утрински часови (сабота кон недела) доколку се соодветни временските услови.
- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, велат од Град Скопје.
Оттаму ги потсетуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Вчера била завршена терестричната дезинсекција која се спроведувала изминатата недела на територијата на градот.
Ново на Сител
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
