Град Скопје: Фокус е враќање на достоинствениот изглед на централното градско подрачје

Градот Скопје продолжува со интензивни активности насочени кон обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент. Во фокусот е враќањето на достоинствениот изглед на централното градско подрачје, со посебен акцент на местата што со години беа занемарени и оставени без основно одржување, соопштија денеска од Град Скопје.
- Со засилен ангажман и координација на сите градски служби, започнати се интервенции со што се враќа функционалноста, безбедноста и убавината на просторот што секојдневно го користат илјадници граѓани и посетители, се додава во соопштението.
Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се враќа сјајот на Скопје.
- Деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Го средуваме она што со години беше запоставено, а требаше да се одржува секојдневно, затоа што Скопје го заслужува најдоброто. На плоштадот „Македонија“ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето, повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните, наведува градоначалникот.
Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, нагласува Ѓорѓиевски, „токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации“.
- Го правиме тоа за нас, но и за сите гости, кои секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град, додава Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
