Гостиварец со воздушна пушка пукал во негов другар и тешко го повредил

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 21-годишен гостиварец за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност според член 292 став 3 во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 01.05.2020 година, обвинетиот со испукување дијабола од воздушна пушка предизвикал значителна опасност за животот и телото на еден оштетен. Обвинетиот, оштетениот и уште четворица другари биле во викенд куќа во селото Сретково, па во еден момент обвинетиот од гаражата извадил воздушна пушка и започнал да нишани кон својот пријател. Оштетениот реагирал со барање да не го прави тоа, но обвинетиот сепак нанишанил и испукал една дијабола кон оштетениот, погодувајќи го во слабината од десната страна и нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Иако бил свесен дека со стореното може да настапи штетната последица, обвинетиот лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таквата последица нема да настапи, со што го сторил наведеното кривично дело.
Ново на Сител
-

Андоновски: Македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата
-

Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците
-

Пожар во Прочистителната станица за отпадни води во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан
-

20-годишнo момче почина од струен удар во Крушево
-

19-годишно момче пронајдено мртво во стан во Битола
-

При претрес во скопско пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Во ЕУ јавен превоз секојдневно користат 10,7 проценти од луѓето, во Македонија 9,6
-

Две жртви при пад на дрон во Оман, саудиската одбрана соборила неколку беспилотни летала над своја територија
