Македонија
29. August 2023 - 15:40

Гостиварец силувал малолетничка, роднина на неговата сопруга

Денеска (29 август) околу 10 часот на улица „Светозар Пеповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот гостиварец А.Н. Тој се сомничи дека на 26-ти јуни годинава извршил обљуба врз малолетничка, инаку роднина на неговата сопруга, соопшти МВР.  

- А.Н. е задржан во Полициската станица Гостивар  за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок, информира МВР.