Македонија
10. December 2017 - 14:58

Гостин извршил насилство во хотел во Илинден

Едно лицe кое било гостин во хотел во скопската населбата Илинден синоќа извршило насилство. Почнало да крши дел од инвентарот од ресторанот на хотелот и во еден момент кога вработените избегале во кујната, зело нож и почнало да замавнува кон нив.

Потоа лицето, заедно со негов пријател со кој биле во хотелот, со возило го напуштиле местото на настанот.

Како што информира МВР, инцидентот бил пријавен во полиција синоќа во 21:30 часот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.