Македонија
13. May 2017 - 9:57

„Гороцвет“ организира традиционална средба во демирхисарското село Слепче

Во организација на Македонското здружение за култура обичаи и традиции „Гороцвет“ од Скопје и ЕФТА Универзитет - Скопје, денеска во дворот на Славко Крстевски во село Слепче, демирхисарско ќе се одржи втората традиционална средба.

На средбата ќе бидат промовирани драмата „Невини а осудени” од Славко Крстевски, документарниот филм за Славко Крстевски „Крикови” во продукција на ЕФТА Универзитет - Скопје, ќе биде отворена изложба на ракотворби на Татјана Крстевска - ќерка на Славко Крстевски, а ќе се одржи и поетска средба во организација на Милица Паулус и Лорета Крстевска Павловска.

На оваа традиционална средба ќе настапат истакнати поети од Македонија и од дијаспората, а оперската певица Серафина Фантаузо ќе исполни неколку музички нумери од сериозна музика.