Горивата поскапуваат за половина денар по литар
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.
Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
