Голем пожар во Беровско
Месното население го гаснат пожарот кој доцна попладнево избувна меѓу селата Будинарци, Мачево и Владимирово. Како што информира Зоран Ајтовски, командир на ТППЕ Берово, ситуацијата во моментот е алармантна и бара активност на целокупното население.
-Наши екипи се веќе на терен со повеќе пожарникари, возило и останати ресурси кои ги имаме на располагање. Ги алармиравме и противпожарните единици од соседните општини, а очекуваме уште поголема инволвираност на самото месно население кое и тоа како даде допринос во гаснењето, по првичната појава на пожарот, соопшти Ајтовски.
Повеќе детали за пожарот Ајтовски најави за утринските часови, кога ќе се знае колкава е причинетата материјалната штета. Очекувањата на командирот на беровската противпожарна единица се пожарот да биде изгаснат што поскоро, но ситуацијата е отежната зашто е темно. Засега нема информација за причините за пожарот.
Ново на Сител
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот

