Гојковиќ: Србија нема да поставува огради поради бегалците

Србија ја почитува одлуката на Словенија, која денеска почна со поставување ограда на дел од границата кон Хрватска, но таа никогаш нема да инсталира жици или огради на своите граници, иако досега низ нејзина територија минаа околу 370.000 бегалци, изјави денеска во Љубљана претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ.
- Србија смета дека секоја држава која има проблеми со емигрантите треба да спроведе мерки за заштита на своите внатрешни интереси, но иако очекуваме зголемен бегалски бран, Србија нема да гради огради на своите граници, бидејќи смета дека со тоа нема да го реши проблемот, изјави Гојковиќ по средбата со нејзинот словенечки колега Милан Брглез.
Таа нагласи дека поставувањето на жици и огради само би го зголемило криминалот, бидејќи имигрантите и натаму ќе се обидуваат да стигнат до Западна Европа, а со затворањето на границите ќе се интензивираат активностите на шверцерите со луѓе.
Како што јави ФЕНА, Гојковиќ рече дека Србија до сега немала проблеми со згрижувањето на омигрантите кои транзитираат низ нејзина територија, иако, како што нагласи, 90 проценти од трошоците за таа намена земјата ги покрива од сопствениот буџет.
- Очекуваме од Европската унија да се најде заедничко решение за оваа криза на местото на кое таа се појави. Сега ние се занимаваме само со последиците, но Европа би треало да се посвети на причините за кризата, нагласи Гојковиќ.
Ново на Сител
-

Учениците од утре на настава - едносменска во 620 училишта
-

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ, бензинот поскапува
-

51 инфлуенсер, луксузни хотели и забави: Ќерката на Орбан потрошила 8 милиони евра јавни пари за инфлуенсерска кампања
-

Бидете дел од новата сезона на Сител: Пријавете се за учество во „Се или Нешто“, „Брза Кујна“ или „Листа за 300“
-

ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување
-

Од утре нови правила на Скопскиот аеродром: Само еднаш дневно ќе може бесплатно да влезете со автомобил
-

Вишото јавно обвинителство наложи продолжување на истрагата против Капушевски и Јахоски за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра
-

3.000 евра казна за Србинот кој двапати возел над 160 км/ч кај Демир Капија
