Го понижила бидејќи бил валкан: Кога и се претставил, зажалила во истиот момент и пропаднала во земја од срам

Дека изгледот лаже, доказ е следната приказна која стана вистински хит низ целиот свет.
Американецот Енди Рос од Ванковер во сојузната држава Вашингтон се соочил со несекојдневна ситуација кога во супер маркет една мајка го понижила пред нејзината ќерка само затоа што бил валкан, а на ќерка и и рекла дека мора да иде во училиште за да не изгледа како него.
Енди инаку е поранешен болничар кој сега работи како градежник, а тој ден се враќал од работа кон дома, па застанал во маркетот иако бил валкан.

Додека стоел во редот на касата, забележал дека девојче на околу 7, 8 годишна возраст бега од него, а потоа и слушнал како нејзината мајка и велела „поради тоа мораш да учиш училиште“, а потоа покажала со прст кон него.
-Прво јас сум многу валкан образовен човек , не само што имам средно образование имам и диплома од факултет, како и бројни сертификати. Претпоставувам дека не изгледам образовано поради мојот валкан изглед, а тоа е прилично глупаво. Второ ако и говорите на ќерка ви да остане на училиште поради тоа што имам тетоважи по рацете, тоа ќе постане нејзина креативност и желба. Повторно спротивно од вашиот став и размислување. Последно, јас сам одбрав да работам во градежништво и горд сум што ја градам Америка и уживам во својата работа. Се обидов да работам во канцеларија, но тоа не е за мене. Сакам да работам со моите раце и да бидам природен, добро заработувам, имам платени придонеси и можам да заработам за своето семејство. Така да мојот изглед не се рефлектира на мојата интелигенција или образование, напиша Енди.
Ново на Сител
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
